Поради изведување на водоводен приклучок ф-100 милиметри на улица „Кумбара“ бб, во близина на авто школа „Хирда“, денеска прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од оваа, како и од улиците „Исмаил Кадаре“ и дел од „Кримска“ во скопската Општина Чаир.

Од ЈП „Водовод и Канализација“ информираа дека прекинот во водоснабдувањето ќе трае од 9 часот, па се до завршување со активностите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.