Дел од корисниците од населбата Пролет лоцирани во билизна на булеварот „Кочо Рацин“ и улиците „Стив Наумов“ и „Тетовска“ утре од 8:00 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација “ – Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е дефект на затворач со пречник од 200 милиметри на булеварот „Кочо Рацин“.

Корисниците ќе бидат без водоснабдување се додка екипите на Јавното претпријатие не го отстранат дефектот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.