Дел од Скопје нема струја поради дефект на 110 киловолтниот далекувод на МЕПСО.

Од ЕВН Македонија информираа дека струја нема на потегот до Тетово. Екипи се излезени на терен и се работи на санирање на проблемот.

И од МЕПСО за МИА потврдија дека нивни екипи се испратени на терен, но се уште не знаат за што станува збор.

Без напојување со електрична енергија се делови од Капиштец, Карпош, Ѓорче Петров….

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.