Јавното комунално претпријатие „Маврово“ утрово ги информира жителите на местата што се снабдуваат со вода во овој регион да не ја пијат водата од чешмите поради заматување.

Како причина се наведуваат земјотресите што утрово беа регистрирани во овој регион.

 

Ја пренесуваме препораката од ЈПКД Маврово:

Posted by МЗ Галичник / MZ Galichnik on Wednesday, 11 November 2020

Поради земјотресот, чиј епицентар беше во Мавровскиот Регион, дојде до заматување на водата за пиење во водоснабнителните мрежи. Ви препорачуваме извесен период, додека не се смират потресите, да не ја пиете водата директно од вашите чешми“, објавија од Јавното претпријатие на својата фејсбук-страница.

Земјотресот што утрово во 4:54 часот беше почувствуван на цела територија на земјава бил со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според првичните информации, епицентарот на земјотресот е во селото Леуново, во близина на Маврово, на длабочина од 8,5 километри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.