Стабилно време со пониски утрински температури најавува Управата за хидрометеоролошки работи за наредниот период.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 9, а максималната од 14 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во текот на следната седмица времето ќе биде стабилно со студени утра и ниски минимални температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.