Европскиот систем за предупредување за невреме ЕСТОФЕКС издаде предупредување од втор и прв степен за делови од Хрватска и Западен Балкан, наведувајќи дека дел од регионот ќе биде под влијание на пороен дожд и град.

Тие додаваат дека се можни торнада и силни налети на ветер. Бури се формираат на северот на Хрватска се до југот на Словачка и дека станува збор за силни бури. Најголема активност се очекува во вечерните часови, кога се очекуваат најмногу врнежи.

Severe Weather Europe објави и прогноза со која најавува за попладенто поројни врнежи од дожд за Западен Балкан и дел од Медитеранот. Промената на времето во Хрватска веќе почна и пороен дожд врне во Далмација и Истра, додека паѓа град во Загорје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.