По објавувањето на информацијата дека студентските домови нема да се отворат, Универзитетското студентско образование-УКИМ објави:

Почитувани студенти,

Според најновите информации студентските домови нема да се отворат.

Продолжува очајната комуникација на МОН во однос на прашања кои се од големо значење за студентите. Потребно беше навремено и официјално известување до сите студенти од страна на Министерството.

УСС-УКИМ на следната Ректорска управа ќе поднесе барање за продолжување на сите рокови за запишување на семестарот, полагање на испитите и флексибилност при уписот на условните предмети. Очекувањата се дека барањето ќе биде одобрено, па ниту еден студент нема да биде оштетен доколку поради објективни или субјективни причини не полага во јунската испитна сесија. Сесии ќе има доволно, ќе сториме сѐ за студентите да можат да ги полагаат предметите и по септемврискиот рок.

УСС-УКИМ во меѓувреме презема два чекори како би се олеснила ситуацијата за студентите кои студираат надвор од местото на живеење:

1. Ваучерите за сместување и партиципација мора да се реализираат што побрзо;

2. Поднесовме дополнително барање за ваучери за превоз за студентите кои студираат надвор од местото на живеење.

Во врска со испитната сесија сите информации можете да ги добиете од вашите колеги во факултетските студентски собранија. Согласно моменталните важечки прописи, испитите можат да се организираат и со физичко присуство и онлајн. Автономија во однос на ова прашање имаат професорите, кои заедно со студентите треба да го изнајдат најсоодветниот начин за реализирање на испитот.

Почитувани студенти,

Според најновите информации студентските домови нема да се отворат.

Продолжува очајната…

Posted by Универзитетско студентско собрание – УКИМ on Monday, June 1, 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.