Прекинато водоснабдување утре од девет часот ќе имаат корисниците од улиците „Шарски одред“ и дел од „Мајка Тереза“, „Козара“, „Васил Ѓоргов“ и „Народен фронт“ во општина Центар, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по известување од ЈП Водовод и канализација-Скопје.

Прекинот во водоснабдувањето ќе биде поради изведување водоводен приклучок ф-150 милиметри на улица „Шарски одред“ 10 и ќе трае до завршување на зафатот.

РЦУК соопшти дека поради уличен дефект ф-2 на улица „Петре Георгиев“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од таа улица, од 14 часот до отстранувањето на дефектот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.