Поради уличен дефект на ф100 милиметри на улица 3 во Батинци, прекинато водоснабдување имаат корисниците од селата Батинци, Љубош и Драшница, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“.

Прекинот во водоснабдувањето е од од 15:30 часот и ќе трае до санирање на дефектот.

Поради реконструкција на водоводна мрежа ф-200 милиметри на улица „Радован Ковачевиќ“ бб во населба Синѓелиќ, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Радован Ковачевиќ“, „Методија Андонов Ченто“, „Томас Минцер“, „Тодор Чопов“, „Константин Петковиќ“ и „Сава Михајлов“. Прекинот ќе трае од 09:00 часот, па до завршување на работите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.