Прекин во водоснабдување од осум часот изутринава ќе имаат корисниците на дел од улица „Франклин Рузвелт“, број 15, во општина Карпош.

Јавното претпријатие „Водовод и Канализација“ извести дека прекинот ќе биде поради изведување на водоводен приклучок на цевка на улицата „Франклин Рузвелт“, број 15.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со активностите.

Без вода денеска од 9:00 часот се и корисниците од улицата „Прохор Пчински“ број 150,  во општина Центар.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради дефект на улицата „Прохор Пчински“, број 150.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.