Поради уличен дефект на водоводна цевка денеска без вода ќе бидат дел од корисниците во населбата Автокоманда, општина Гази Баба.

Како што информираат од РЦУК Скопје, поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од ф600мм, на ул.„Петар Горгиев“ бб во населба Автокоманда, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од ул.„Беласица“ и бензиската пумпа „Пуцко Петрол“, а со намален притисок ќе бидат дел од корисниците од населба Автокоманда во време од 9:00 часот до завршување на работата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.