Заради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без струја утре од 8 до 12 часот ќе бидат корисниците од делови од улиците „Сердарот“, „Речиште“ и „Нагоричанска“ во општина Кисела Вода.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без електрична енергија утре ќе бидат и корисници од општината Ѓорче Петров: од 8 до 13 часот – дел од населбата Стопански Двор, во околина на „Галафарм“,  од 9 до 13 часот  дел од улиците „Браќа Чакреви“ и „Мис Стон“ (од бр. 2 до бр. 10) и од 9 до 14 часот –  корисниците од дел од ул. „Воин Драшкоци“, односно објектите со бр. 23, бр. 25, бр. 27 и бр. 29.

Прекин во водоснабдувањето утре од 8 часот ќе имаат корисниците од улица „Прашка“ во општина Карпош, поради изведување водоводен приклучок Ф-100 мм на оваа улица во населба Тафталиџе.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека утре од 7.30 часот без вода ќе бидат и корисниците од улиците „Виктор Иго“, „Дренак“, „Невена Георгиева Дуња“ и „Драга Стојановска“ во  општина Кисела Вода, исто така поради изведување  водоводен приклучок ф-100мм на ул.„Виктор Иго“ 51.

Прекините во водоснабдувањето ќе траат до завршување на зафатите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.