Поради уличен дефект ф-250 мм на улица „Џон Кенеди“ бб (во близина на Имобилиа Гипс Дизајн), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од таа улица и дел од улицата „Ќемал Сејфула“, додека во дел од населбата Топанско Поле водоснабдувањето ќе биде со намален притисок.

Како што информира од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.