Поради технички зафати во електро – дистрибутивната мрежа, без струја од 9:00 до 11:00 часот ќе бидат дел од корисниците на ул. „Финска“ од бр. 100 до бр. 108 во Општина Гази Баба, информираат од РЦУК на Град Скопје.

Оттаму посочуваат дека поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бб, од 9:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од ул. „Аминта Трети“ до ул. „Костурски Херои“ (вклучително Клубот на пратеници и амбулантата Идадија), како и делови од улиците „Коле Неделковски“, „Златко Шнајдер“ и „Шумадиска“ во Општина Центар.

·Поради отстранување дефект на водоводна мрежа на ул. „Скупи“ бб, од 9:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од ул. „Скупи“, „Момин Поток“ и место викано „Криви Дол“ во Општина Карпош, се наведува во соопштението од РЦУК на Град Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.