Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека денеска прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците во општините Бутел, Кисела Вода и Карпош.

Поради уличен дефект во село Љубанци во периодот од 9 часот до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од селото Љубанци.

Како што е најавено, поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа на улицата „Димо Хаџи Димов“ бб (во близина на комплекс Шампионче), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. „Димо Хаџи Димов“ и дел од ул. „Божидар Аџија“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.

Поради поврзување на нова водоводна мрежа на крстосницата Гиго Михајловски/Новопроектирана, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Гиго Михајловски, Иван Аговски, Руѓер Бошковиќ, Даскал Камче и дел од Франклин Рузвелт (потегот од бул. Партизански Одреди до Орце Николов). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со работните активности.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.