Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Центар, Гази Баба и Карпош, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:00 до 11:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Сердарот” – улица 2, Општина Кисела Вода.

Во периодот од 08:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Ганчо Хаџи Панзов” од бр.2 до бр.10, Општина Центар.

Во периодот од 08:30 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат објектот на магацинскиот простор на ТП Шмеки, како и околните објекти во негова близина, Општина Гази Баба.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Љубљанска„, Општина Карпош.

Во периодот од 13:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улицата „Осма Ударна Бригада”, како и корисниците од улицата „Вељко Влаховиќ” бр.14, 16, 26 и 28, Општина Центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.