Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, соопшти дека утре од 9 до 10 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од ул. „Миле Оровчанец“ во општина Карпош.

Од 9 до 14 часот струја ќе нема дел од село Кучевиште во општина Чучер Сандево, од 9 до 14 часот дел од ул. „Поп Богомил“ и од 10 до 12 часот корисниците од бул. „Партизански одреди“ бр. 59. во општина Карпош.

В четврток, од 8:30 до 12 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. „Груица Војвода“ бр. 2. во општина Бутел, од 8:30 до 15 часот дел од улиците „Борис Трајковски“, „Жил Верн“ и „Балканска“ во Кисела Вода.

Од 8:30 до 15:30 часот в четврток без струја ќе останат и дел од ул. „Тодор Чангов“, подулици бр: 41, 43,45 и 47 во општина Аеродром, од 8:40 до 13 часот корисниците од селата Мршевци, Бучинци, Бујковци и Грушино во општина Илинден, од 9 до 12 часот дел од с. Петровец, објектите во околината на зградата на Општината и хотелот „Мирор“ во општина Петровец.

Од 9 до 13 часот струја ќе немаат и корисниците од улиците „Балзакова“ и „Невена Георгиева Дуња“ во општина Кисела Вода, од 9 до 14:30 часот корисниците од дел од ул. „Алжирска“ во општина Карпош и од 10 до 12 часот корисниците од бул. „Партизански одреди“ бр. 59 во општина Карпош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.