Поради изведување технички зафати во дистрибутивната електроенергетска мрежа, утре без снабдување со струја ќе останат корисниците од општините Центар и Карпош, информираат од РЦУК по добиено известување од ЕВН АД Македонија.

Во периодот од 08:00 до 11:30 часот без струја ќе останат дел од корисниците од ул. „Иван Милутиновиќ“ објектите со бр. 10 и бр. 12 (позади ТЦ Буњаковец) и во периодот од 11:45 до 15:00 часот корисниците од ул. „Илинденска“ бр. 68 и дел од ул.„8 Март“,  објектите со бр. 8, 8а, 10, 11 и 13 во Општина Центар.

Без снабдување со струја од 09:00 до 12:00 часот ќе бидат утре ќе бидат и корисниците од ул. „Ристо Равановски“ бр.36 во Општина Карпош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.