Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода и Сарај, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:30 до 13:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од објектите на фирмите во кругот на поранешната фабрика – Стаклара, a од 09:00 до 12:30 часот кориснiците од улицата „Методија Патчев“ од бр. 27 до бр. 33 и улицата „Антон Димитров“ од бр. 134 до бр. 154, во населба Драчево, во Општина Кисела Вода.

Според најавата, утре од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе останат селата: Семениште, Буковиќ, Чајлане, Арнакија, Ласкарци, Паничари и Раовиќ, Општина Сарај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.