Од ЕВН Македонија известуваат дека без електрична енергија ќе останат делови на Аеродром, Ѓорче Петров и Карпош.

Од 8.30 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од делови од улиците Петар Ацев, Анастас Митрев, Иван Горан Ковачиќ и улиците што се во нивна непосредна близина ( општина Аеродром), од 9 до 13.30 часот, корисниците од ул. Алекса Демниевски ул.23 и околните улички (општина Ѓорче Петров) и од 9 до 12 часот, потрошувачите од ул. 59 с. Волково (општина Ѓорче Петров).

Од 9 до 12.30 часот струја ќе немаат и корисниците од дел од ул. Козле кај Макпетрол кај бр.93 (општина Карпош), од 11 до 15.30 часот, корисниците од булевар Видое Смилевски Бато, делот позади Боксер (општина Аеродром) и од 12 до 14.30 часот, корисниците од дел од потрошувачите во с.Бардовци кај зградите на Машинац (општина Карпош).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.