Без електрична енергија денеска ќе бидат неколку скопски општини, додека прекин на водоснабдувањето ќе има во дел од општина Аеродром.

Во период од 08:30 до 13:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улица 21 и дел од улица 56 во општина Центар.

Без електрична енергија од 09:30 до 14:30 часот ќе бидат корисниците од село Ормани и село Никиштане во општина Ѓорче Петров.

Во период од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од местото викано Боринарец во Радишани.

Од 07:25 до 15:30 без струја ќе бидат корисниците од улица „Маџари”, улица 22, куќите околу стадионот Борис Трајковски, пунктот на ЈП „Водовод и канализација”, во општина Гази Баба.

Поради уличен дефект ф-80 на улица „Тодор Чангов” крак 41 број 1 во општина Аеродром, прекин на водоснабдувањето денеска од 08:00 часот ќе има дел од улицата „Тодор Чангов”, од крак 41 до крак 61.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.