Поради технички зафати во мрежата, без напојување со електрична енегија денеска ќе останат дел од општините Кисела Вода и Карпош.

Во период од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улица „Ванчо Мицко” од број 10 до број 79 во Карпош. Во истиот период без електрична енергија ќе биде и дел од улица „Сердарот”, кај реката Мала Рада во Драчево.

Во период од 10:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат дел од улиците „Његошева”, „Московска”, „Копенхагенска” и „Бриселска”, во Карпош. Од 13:00 до 15:00 без струја ќе бидат друг дел од улиците „Његошева”, „Московска” и дел од улица „Софиска”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.