Времето утре ќе биде претпладне особено на север и на исток ќе биде променливо облачно, а ќе преовладува сончево време. Наутро ќе биде посвежо, а преку денот ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во петок времето ќе биде наутро студено, преку денот сончево и потопло со слаб до умерен северозападен ветер.

Во сабота времето ќе биде наутро студено, а преку денот сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Во недела времето ќе биде наутро свежо, преку денот сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.

Од утре до сабота утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои повисоки места ќе се спуштат и до 0 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.