По повод претстојните божиќни празници, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет возен ред од вообичаениот, а изменето работно време ќе има и жичарницата на Водно.

На 6 јануари (Бадник, понеделник) и 7 јануари (Божиќ, вторник) автобусите ќе сообраќаат по неделен зимен возен ред.

Возен ред на линиите 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно)

На 6 јануари (Бадник, понеделник) линија 25 ќе сообраќа по делничен зимен возен ред.

Линиите 25А и 25Б нема да сообраќаат.

На 7 јануари (Божиќ, вторник) сите три линии ќе возат по неделен зимен возен ред.

Жичарница

Жичарницата на Водно отворена за посетители од 10 до 17 часот ќе биде на Бадник (6 јануари, понеделник) и Божиќ (7 јануари, вторник).

Дежурни билетари

На 6 и 7 јануари дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелен пазар и во Ѓорче Петров.

На Бадник (6 јануари, понеделник) и Божиќ (7 јануари, вторник) билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи од 7 до 13 часот, а билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар од 7 до 19 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.