Да им дадеме шанса за живот на двете мали предвремено родени сестрички Искра и Ведрана.

Средствата може да ги донирате на следнава сметка:
Стопанска банка
Број на сметка: 200003447571470
Назив: Маргарита Блажевска- ХУМАНИТАРНА СМЕТКА.

На 09.04.2019 година Искра и Ведрана беа родени во седмиот месец од бременоста во приватната болница „Аџибадем Систина“ по ИНВФ (вештачко оплодување по повеќегодишна борба со стерилитет ). Ведрана е родена со 1440 гр. родилна тежина а Искра е родена со 1060гр. родилна тежина и се веднаш префрлени на одделот за Неонатална интензивна нега. Двете се поставени во инкубатор и е започната терапија по протокол за предвремено новородено и двете се поставени на респиратор за дишење. На 13-от ден од животот кај Ведрана настана влошување на состојбата, по направени бројни иследувања се постави дијагозна – вродена аномалија на дебелото црево ( Dg. Colon Agangionalis ) и сомнение за Цистична фиброза (генетски анализи во тек). Индицирана беше хирушка интервенција – лапаратомија и истата беше реализирана на ден 07.05.2019 година. Поради тежината на состојбата кај новороденчињата Искра и Ведрана не е можен трансфер во друга институција. Новородените се уште имаат потреба од интензивно лекување. Поради долготрајноста на лекувањето, ние како родители финансиски сме исцрпени и не сме во можност самостојно да го продолжиме неопходното лекување на нашите деца во истоимената болница. Имајќи предвид дека досегашното лекување чинеше 30.000 евра Ве молиме за парична помош со што би им помогнале на нашите деца да го добијат и понатаму потребниот медицински третман и нега за да им пружиме шанса за живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.