Поројни врнежи од дожд, грмежи, силен ветер, град, поплави и опасност дури и од торнада со себе носи бурата „Андреа“ која особено од денес ќе влијае на времето кај нас и во регионот.

Локално се очекува во текот на следните часови да наврнат и над 100 л.м2 воден талог а на некои места дури и над 150 л/м2 со што растат условите за локални поплавувања како и за зголемување на нивоата на реките и езерата и локално нивно излевање, се очекува и нестабилна облачност проследена со интензивни поројни врнежи, силни грмежи, силен ветер и појава на град додека во делови од регионот и тоа особено во соседна Србија како и во Босна и Херцеговина но и во Хрватска има услови и за формирање на суперќелии односно олујни системи кој би можеле да условат и формирање на торнадо.

Поради значителниот пад на температурите повторно на високите места се очекуваат врнежите од дожд да поминат во врнежи од снег со што се очекува и формирање на нова снежна покривка, снег на највисоките планински места се очекува и во државава и тоа особено на запад и на северозапад. Во Македонија пак локално се очекува да наврнат од 50 до 100 л/м2 воден талог со што растат условите за поплавувања, особено вакво огромно количество на воден талог се очекува во западната половина од државава.

Подготви: Славчо Попоски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.