За православните верници од денеска, 28 ноември, започнуваат Божикните пости кои траат 40 дена, пред големиот празник Рождеството Христово Божик, на 7 јануари.

Православната црква запишала дека Божикниот пост е востановен за да верниците можат, во пресрет на Рождеството Христово, да се исчистиат себеси со покајание, молитва и пост, и со чисти срца, душа и тело, благоговејно да Го пресретнат Синот Божји што се јави во светот, принесувајќи му го, наместо обични дарови и жртви, чистото срце на верниците и желбата за последување на Неговото учење.

Секој пост има правила, во кои денови се пости стого, а во кои денови е дозволено масло, вино и/или риба. Верниците строго се придржуваат на црковните правила.

Во продолжение погледнете ја табелата со годинашните датуми, празници и правила за постење на Божиќните пости.

Постот не е диета и не се започнува за да ослабете. Постот не е храна – постот е молитва и воздржување. Воздржувањето на претерување од секаков вид: лоши мисли, зло дела, преголеми колицини на јадење и пиење.

Скромноста е збор кој најдобро го опишува постот. Доколу сакате да постите не фалете се со тој чин, бидејќи со тоа го признавате искушението, да бидете спречени во постот.

Најдобро би било ден пред постот, да ја кажете молитвата „Оче наш“, да побарате сила од Бога да го издржите постот и да почнете полека – ден по ден. Не очекувајте од себе да „истерате“ цел пост туку почнете така што ќе постите цела недела, па ќе се причестите, па ако почувствувате сила, продолжете со постот и наредната недела за да се причестите.

Водете сметка секој ден да ја изговарате оваа молитва: „Господе Исусе Христе, Син Божји, помилувај ме“! Тие магични зборови ќе ви дадат сила да се изборите со сите доумења и да се зацврстите во својата намера да истерате до крај.

Некогаш одамна сме постоела приказната од Острог која е нашата водилка за пост: „Жена отишла да се поклони кај Свети Василије Острошки и на живот оставила извесна сум на пари. Кога се вратила во куќата, во своето село, се фалела наоколу колку пари има оставено таму… Легнала вечерта да спие и сонувала како Свети Василије и ги враќа парите со зборовите дека тие пари него не му требаат. Наутро се пробудила и го забележала купот пари под својата перница. Одбиена од светецот, долго молела за прочка!“

Поради оваа приказна не треба да кажуваме дека постиме, туку едноставно тоа го правиме. Ако некој не праша нас дали постиме, ние потврдуваме, но не навлегуваме премногу во приказната од причина што стравот дека таа „жртва“ ќе биде игнорирана, бидејќи на крајот на краиштата ние постиме за себе, а не за селото!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.