Расте борој на ученици во Словенија кои сакаат во основните училишта факултативно да го учат македонскиот јазик. Ако лани беа десетина, оваа година бројот на пријавени деца е зголемен, па во овој момент 56 основци од седум градови во Словенија го учат македонскиот јазик, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Најголем дел тоа се деца на нашинци кои живеат и работат во Словенија, но интересен е фактот што оваа година првпат се запишале и ученици Словенци, кои сакаат да го запознаат и научат македонскиот јазик, а со тоа и македонската култура. Мотивот е најчесто пријателство, односно нивните другарчиња се Македонци.

Часовите ги држи наставничката Снежана Катарова, која неделно патува во седум различни градови да држи часови. Поради се поголемиот број ученици заинтересирани за учење македонски јазик, од Министерството за образование и наука веќе се побарани средства за ангажирање на уште еден наставник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.