Дури и ако не сте ја прочитале од почеток до крај, барем еднаш во животот сте прочитале нешто од Библијата. Но, колку добро ја познаваме Библијата?

Од Адам и Ева до апокалипсата, постојат некои работи кои луѓето ги повторуваат, а едноставно не се точни.

1. Aдам и Ева

Популарната заблуда за Адам и Ева е дека биле истерани од Рајската градина бидејќи јаделе забрането овошје од стеблото на спознанието, но всушност биле протерани за да бидат спречени да јадат од стеблото на животот кое би ги направило бесмртни.

2. Бог е злобен во Стариот завет и добар во Новиот

Овие тези воопшто не се точни. На неколку места во Стариот завет Бог се прикажува во позитивно светло. Во Псалмот 86 Бог е опишан како „милосрден‟, „милостив‟ и „богат со љубов‟. Во Стариот завет, Бог никогаш не ги протерал грешниците во пеколот, што често го прави во Новиот завет. Освен тоа, во Новиот завет редовно грешниците ги казнува со смрт.

3. Коцкање и алкохол

Бог во Библијата никогаш не ја осудува коцката и алкохолот. Сетете се дека Исус ја претворил водата во вино, зошто би го направил тоа ако алкохолот бил зло? Библијата исто така не го осудува обложувањето, туку предупредува на опасноста која ја донесува слепото обожување на парите.

4. Исус е роден во штала

Ова сигурно ќе ве изненади, но никаде во Библијата не се спомнува дека Исус е роден во штала. Евангелистот Матеј наведува дека Исус е роден во куќа и само наведува дека е положен во јасли откако се родил, што би можело да значи дека бил во штала, но тоа никогаш специфично не се наведува.

5. Десетте заповеди

Постојат одредени проблеми со преводот на Десетте заповеди. На пример, „Не убивај‟ е погрешно преведено, изворното значење на таа заповед било „Не врши убиство‟, со што се остава места за легални убиства, како тој во самоодбрана или смртна казна.
Исто така, „Не го спомнувај залудно името Господово‟ не значи дека не смеете да пцуете, туку дека не смеете да тврдите дека вие сте Бог, кога не сте.

6. Припишување на поговорки на Библијата

Всушност Бенџамин Франклин рекол: „Бог помага на тие кои си помагаат себеси‟, но многумина се уште веруваат дека тоа го пишува во Библијата.

7. Патувањето на Марија

Во Библијата воопшто не се спомнува дека Марија патувала во Витлеем каде го родила Исус. Многу луѓе веруваат дека во Витлеем стигнала на магаре, но тоа всушност никаде не се спомнува.

8. Прашањето за чуварот на својот брат

„Дали сум јас чувар на својот брат?‟ е популарен цитат од Библијата, но никаде не се спомнува Божјиот одговор на тоа прашање. Тоа е затоа што Бог на тоа никогаш не одговорил.

9. Јон и китот

Сите ја знаат оваа класична библиска приказна, но не толку добро колку што мислите. Всушност, китот не го проголтал Јон, туку огромна риба левијатан. Разликата можеби не е голема, но китовите не се риби, туку цицачи.

10. Мојсиевите рогови

Ако сте виделе кипови на Мојсије, сигурно сте забележале дека многу од тие кипови имаат рогови. Тие не се нашле таму по грешка. Во Библијата се наведува дека тие кои ќе дојдат во допир со Бога, како Мојсије, од главата им излегуваат рогови.

11. Светите тројца кралеви

Многу луѓе веруваат дека тројца кралеви дошле да го видат Исус, но Библијата не наведува колку мудреци се сретнале со новородениот спасител. Се наведуваат три подарока, но тоа е тоа. Освен тоа, во Библијата пишува дека мудреците Исус го посетиле додека бил во куќата, не во шталата.

12. Рајот и пеколот

Стариот завет не спомнува рај и пекол. Тоа се места кои луѓето сами ги измислиле пред настанокот на Новиот завет, па рајот и пеколот се спомнуваат во него. Меѓутоа, во нив не одиме по смртта, туку на крајот на времето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.