Во малото селото Мјесце Одржански на југот на Полска, близу границата со Чешка, веќе 10 години се раѓаат само женски бебиња. Во селцето во кое живеат само 300 луѓе во изминатата деценија се родиле само 12 бебиња, сите девојчиња, а ниту едно момче.

Несекојдневниот случај на медиумите им стана интересен и на медиумите и на научниците.

Претседателот на месната заеднива Рајмунд Фришко, татко на две девојчиња, понудил парична награда за првата брачна двојка која ќе добие момче.

Толку многу се зборува за ова во медиумите што дури размислувам, кога ќе се роди момче, да именуваме улица по него, дури и да засадиме даб во негова чест. Тоа ќе биде убав подарок за него, вели Фришко.

Тој открива и дека некои научници се заинтересирале да испитаат зошто во местото се раѓаат само девојчиња.

Постојано добивам повици од доктори од целата земја со совети како да се зачне момче. Неодамна ми се јави доктор од централна Полска, кој вели дека полот на бебето зависи од исхраната на жената, и дека треба да биде богата со калциум ако сака да роди момче, вели Фришко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.