Повеќето жени си фантазираат како нивниот партнер ќе ги запроси на некој романтичен момент каде што клечи на колена. Повеќето жени не ја знаат причината зошто ваквиот чин на запросување е токму вака.

Клекнувањето на едно колено при запросување започнува во средниот век, а неговото значење е симболично. Не се знае точно како започнала оваа пракса, но постојат теории кои се сметаат за вистинити.

Во религијата, клекнувањето е вклучено во многу церемонии вклучувајќи ги и романтичните. Тој клекнува и кога влегува во храм, а може и запросувањето да го има истото значење. Клекнувањето на идниот младоженец ја покажува неговата почит. Во средниот век витезите клечеле пред своите владетели за да им покажат чест, почит и потчинување.

Исто така поразените секогаш клекнуваат пред победникот, што покажува гест на предавање. Во романтична смисла ова може да се толкува како симболика дека мажот ѝ предава својот живот на жената, но и дека ја почитува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.