Се верува дека името, благодарејќи на својата енергија, може да влијае врз судбината на оној кој го поседува.

Според верувањата имињата Ана, Викторија и Марина, се имиња кои привлекуваат богатство и благосостојба.

Жените кои го носат името Ана имаат повеќе сила од другите, тие се внимателни и упорни.

Викторија, всушност како што го носи значењето и самото име, е победник. Способноста да ја анализира ситуацијата и да убедува, ѝ помага да ги оствари своите цели.

Марина се смета за природен водич. Не се плаши од големиот тим, напротив со него одлично се носи. Стилот на управување на Марина е оној вистинскиот.

Постои уште една група женски имиња, кои привлекуваат богати мажи во својот живот. Тука спаѓаат Анастасија, Злата и Софија.

Анастасија е секогаш жена која не цели кон богатство, но сепак стапува во брак со успешен и имотен маж. Судбината ѝ е наклонета и секогаш живее добро.

Името Злата привлекува пари како магнет. Жените со ова име се секогаш успешни кога станува збор за финансии.

Името Софија го краси животната мудрост. Судбината им е наклонета на сите жени кои го носат ова име. Софија мудро ќе избере личност која е стабилна, па секогаш ќе има добар прилив на пари во домот, додека и таа самата ќе работи за богаството да се одржи и прошири.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.