Хрватската јавност уште ги памети сцените од претепаната девојка во едно кафуле во Задар, а во медиумите се појави информација за претепана загрепчанка чиј поранешен сопруг ја тепал пред децата на среде улица, а потоа со сила ја ставил во багажникот во автомобилот.

Претепаната Михаела за емисијата „Проверено“ открива дека немилиот настан се случил пред нејзината зграда, а сведоци на нападот биле синовите од три и пол и една и пол година. Михаела и поранешниот сопруг не се расправале, ниту пак си кажале лош збор еден друг. Биле договорени да се најдат пред зградата. Поранешниот сопруг требал да и врати облека на децата која останала кај него. Одеднаш тој почнал да ја тепа со метална шипка.

Поголемиот син се вознемири и почна да вреска. Додека ме тепаше пред автомобилот, децата тоа го гледаа, а потоа продолжи да ме тепа во багажникот на автомобилот каде што ме одвлечка со сила – изјави за „Отворено“ Михаела, додавајќи дека поранешниот сопруг размислувал да стане свештеник, бидејќи завршил теологија.

На Михаела и помогнале граѓаните кои биле сведоци на настанот, оттргнувајќи го поранешниот сопруг од неа. Михаела побегнала во зградата, а тој со автомобилот во кој биле децата, заминал. Истата вечер бил уапсен. Одреден му е притвор, а се сомничи за обид за убиство и повреда на детските права. Ова не е прва пријава за 39-годишниот маж од поранешната сопруга.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.