Генералниот секретар на СДСМ и поранешен министер за земјоделие Љупчо Николовски и неговата сопруга Андријана Јакимовска, синоќа направија свадба на која биле присутни нивните роднини и пријатели. Меѓу гостите бил и целиот политички врв на СДСМ на чело со претседателот на партијата, Зоран Заев кој во еден момент бил и ороводец. На свадбата се преставиле и играорците на КУД „Танец“, кои го одиграле „Тешкото“.

Љупчо и Андријана се познаваат многу одамна, двајцата се по потекло од ист град, и долги години биле заедно. Минатата година во октомври се венчаа во интимна атмосфера во манастирот Јоаким Осоговски во Крива Паланка. Николовски ја побара за жена Андријана лани, кон крајот на месец јули во словенечкото гратче Порторож.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.