Кога станува збор за украсувањето на домот во пресрет на новогодишните и Божикните празници најдобро е да се почитува стандардното правило – дека помалку е повеќе.

Почитувајте го и правилото на три бои. Една да биде основна, а другите две да се надополнуваат една со друга преку избраните детали.

На пример, во празничните декорации застапени се златната, црвената и белата боја или пак, темно зелената. Комбинирајте ги на начин што понеутралните бои ќе бидат основни, а интензивните ќе бидат застапени во деталите.

Слично, на пример, можете да изберете бела основа и виолетови и сребрени детали или пак, тегет сина основа со златни и бели детали. Секогаш можете да додадете и некои ситници, како што се бисери, суво лисје или школки, а и во тие случаи треба да ги усогласите боите.

Некогаш ефектот можете да го постигнете со две спротивни бои, една неутрална и една интензивна или пак, со различни нијанси на иста боја, што исто така е доста впечатливо, ако правилно се направи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.