Популарната македонска ТВ водителка, Александра Велинова по вторпат стана мајка и како што таа самата вели „со раѓањето на вториот цар веќе е царица“.

Во продолжение прочитајте го емотивното обраќање на Александра по породувањето:

Со тоа што си го родив вториот цар, веќе сум потврдена царица, хахаха. Алексеј ми беше желба да се вика првото дете, ама сега ми се исполни тоа.

Бебето тешко е 3.5 килограми, 50 центиметри долго. Се породив на ГАК, бидејќи од разговори со мајки, искуството на дел од нив вели дека кога ќе се искомплицираат работите секогаш завршуваат на Клиника. Значи не одев на одмор па да ми е важно дали е хотел со 3 или 5 ѕвезди туку довербата во гинекологот е клучната работа и докторот кој ќе ме породува, изјави Велинова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.