Во земјава има само четири бебиња кои ги родила сурогат-мајка. Законот за биомедицинско оплодување кој во земјава стапи во сила пред пет години даде можност на паровите кои не можат да станат родители, единствениот спас да можат да се реализираат и на тоа поле им го овозможува сурогат-мајка, објави весникот „Вечер“.

Мајката го носи само детето, а генетскиот материјал е од биолошките родители. Како што информираат од Министерството за здравство за весникот ВЕЧЕР, според нивниот регистер досега за изминативе пет години вкупно четири бебиња се родени со помош на сурогат-мајки, но имало и уште два обида кои останале нереализирани.

Кај четири од нив постапката завршила со позитивен исход, додека кај останатите две мајки, таа била неуспешна. Само минатата година со помош на сурогат-мајка се родени две бебиња – потврдуваат од ресорното министерство и дополнуваат дека законот не дозволува да се изнесуваат детали околу семејството кое го добило ова детенце кое биолошки му припаѓа, а мајката само го прави овој хуман и благороден чин да го износи во својата утроба девет месеци.

Целиот текст тука

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.