Војводата и војвотката од Сасекс покренуваат судска постапка против „Меил он Сандеј“ поради објавување на приватното писмо на Меган Маркл кое го пратила на својот татко со кого не е во добри односи.

Принцот Хари во јавното соопштение ги објасни причините поради кои планира да покрене судска постапка против популарниот таблоид. Како што објаснил, во прашање е многу болна и бескруполозна пропаганда против неговата сопруга. Тој смета дека се работи за линч и формирање негативна слика во јавноста за неговата сопруга за луѓето да не ја сакаат.

Веќе видов што може да му се случи некому кој го сакам кога го притискаат до таа мера луѓето на таа личност да не гледаат како на човечко суштество. Ја изгубив мајка ми и сега гледам како мојата жена ја малтретираат моќници – напишал Хари во соопштението

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.