Даниел од Велика Британија секојдневно поминува по 64 километри за да му однесе пари за дрога на синот Натан. Натан е бездомник и зависник, а неговиот татко се чувствува беспомошно и вели дека тој и неговиот син се наоѓаат во многу тешка ситуација, пренесува Сан.

Инаку ќе краде. Не знам што друго да сторам, тој ми е се што имам, а и тој без мене нема никого. Навистина е болно. Ми се крши срцето, зашто можам да сфатам низ што поминува. Се убива, вели Даниел во новата документарна серија на Рос Кемп “Living With…”. Со епизодата  “Living with… Homelessness” настојува да укаже на проблемот со дрога и бездомници во Велс.

Рос патува низ земјата за да се запознае со луѓе кои живеат со некои од најголемите рпоблеми на денешницата во Велика Британија. Освен Натан и неговиот татко, запознал и бездомници кои повеќе од 20 години живеат на улица и спијат таму и во најстудените ноќи.

Во Велика Британија улицата им е дом на 320.000 луѓе. Лани е забележен пораст од 4% (13 илјади луѓе) на бездомници, од кои најголемиот број живеат во Лондон. Животниот век на бездомниците е за половина пократок од оној на луѓето кои се згрижени и живеат со покрив над главата. Бездомниците умираат во просек на 44 години, а најголема смртност има во Лондон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.