Властите на грчкиот остров Крит покренале потрага за исчезнатата американска научничка Сузана Итон, која минатата недела престојувала таму на конференција за Православната академија во близина на северозападниот град Ханиј.

59-годишпната Сузана е молекуларен биолог на Институтот во Дрезден во Германија, а исчезнала минатиот вторник. Колегите кои со неа биле на конференција рекле дека Сузана заминала на трчање и не се вратила.

Полицијата и пожарникраите трагаат по неа, а помош им пружаат и локалните волонтери. Тие во петокот ја пребарале цела област.

Емили Каперс, роднина на исчезнатата научничка, рекол за АП дека сопругот на Сузана, британскиот научник Ентони Хјуман, заедно со двата сина допатувал на Крит за да помогне во потрагата, Дронови, бродови и авиони ја пребаруваат цела област.

„Поради непристапниот терен и екстремните жештини, веруваме дека најверојатно Сузана или се прегреала па побарала заштита или можеби паднала“, се наведува на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.