Мишел Рејвес од Сан Диего, САД, ги остави зад себе сопругот Крис и нивните две деца. Таа почина додека раѓаше дете на кое беше сурогат мајка, пренесува „Дејли мејл“.
За време на породувањето настанале такви компликации што лекарите морале да се борат за нејзиниот живот, но за жал, не успеале да ја спасат. За среќа, бебето се родило живо и здраво. Тоа е второ дете кое го носела како сурогат мајка за истото семејство.

Мишел засекогаш ќе биде запаметена по љубовта кон семејството. Таа беше најдобрата и најзабавна личност покрај која секогаш се смеевме. Мишел и Крис имаат две прекрасни деца, Гејџ и Монро, поради кои ме боли срцето кога ќе помислам дека нема да растат со нивната мајка“, напишала нејзината пријателка Џеим Хервех на порталот GoFundMe, каде што ги замолила луѓето финансиски да му помогнат на семејството со достоинство да ја погребаат Мишел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.