Храбрата Снежана е само една од мајките кои ги споделија своите искуства од породувањето на порталот за мајки „Јумама“, а нејзината приказна ја прави несекојдневна фактот што таа своето бебе го добила дома, без лекарска помош.

Издржав лавовски и околу 9 часот наутро, се роди Вук, на нашиот кревет, со мала помош од тато, кој прв го зеде во раце. Се породив во декември 2019 година. Сама… „Како сама?“, ќе прашате.

Некои работи едноставно се случуваат, природата едноставно го прави своето и станува совршено убаво и лесно.
Породувањето започна рано наутро, контракциите беа благи, скоро незабележливи. Одев низ куќата, сопругот ми правеше друштво, понекогаш чувствував притисок или болка, но не нешто премногу силно и неподносливо.
Сè што имав во мојата глава беше да чекам силни болки, да чекам контракции кои стануваа се почести и да се упатам кон болницата. Иако… Не дојде, едноставно, болката не беше толку силна.

Издржав како лав и околу 9 часот е роден Вук. На креветот, со мала помош од тато кој прв го зеде во раце. Подоцна, не однесоа во болница, таму бевме најсилниот тим, бевме sвезди, но сето тоа помина.
Некои работи се случуваат сами од себе и не треба да се плашите од породување. Ако природата дозволува, треба да се роди природно, но верувам дека е подеднакво добро чувството и по царски рез, бидејќи маките и болките сигурно поминуваат веднаш штом бебето се земе во вашата прегратка. И тоа е вистината.
Еве сега, по нешто повеќе од една година, целото мачење, болка или тага поминуваат кога ме гледа мојот силен Вук (Волк).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.