Нусрет Мумиќ од Живиница во Босна и Херцеговина заработил пензија во Рудникот „Ѓурѓевиќ“. Кога требало да се одмори и среќно да ги помине пензионерските денови, овој 65-годишник се разболел. Пред пет години дијагностицирана му била цироза на црниот дроб.

На почетокот не се надевал дека е толку опасно и дека единствен спас за него ќе биде трансплантација.

Нусрет има три сина, но ниеден не можел да биде донатор на дел од црн дроб, покажале анализите. Сепак, можност за Нусрет се укажала. Неговата снаа Алмира Мумиќ, сопругата на најстариот син Нусмир, одлучила да дарува дел од својот црн дроб за да му го спаси животот на свекорот.

Операцијата била успешна и Нусрет добро се чувствува. По оперативниот зафат, добро се чувствува и Алмира, која веќе се вратила дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.