Холивудскиот актер Лук Пери, кој сите го паметат по улогата во серијата „Беверли Хилс“, почина неодамна во 53. година од животот, по мозочен удар, а зад себе остави ќерка и син кој ги доби од бракот со поранешната жена Рејчел Шарп.

Пери имал и вереница Венди Медисон Бауер, со која бил во врска 11 години.

Како што пишуваат странските медиуми, Лук и Венди планирале да се венчаат во Лос Анџелес и дека по повод свадбата веќе почнале да испраќаат покани до своите семејства и пријатели.

Сакам да изразам благодарност на сите кои ми пружија љубов и поддршка. Неброените приказни за дарежливоста и добрината на Лук ми беа голема утеха во овој тежок момент. Изминатите 11 ипол години со Лук беа најсреќните во мојот живот и јас сум благодарна што го имав тоа време поминато со него. Исто така, сакам да им се заблагодарам на неговите деца, семејството и пријателите на љубовта и поддршката. Најдовме утеха едни во други и во знањењето дека нашите животи беа исполнети со неверојатен човек. Многу ќе ни недостасува, гласеше пораката на вереницата на Пери која е објавена во медиумите по неговата смрт.

Во тестаментот е откриено дека Лук одлучил се што стекнал во животот да им го остави на своите наследници, синот и ќерката, додека вереницата остана со празни раце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.