Брачниот пар од Минесота, Роберт и Корин Џонсон по 66 години љубов починале еден по друг. На 84 години прво починала Корин, а 33 часа подоцна починал и Роберт.

Членовите на нивното семејство сметаат дека тоа воопшто не било случајно.

Очекувавме дека тато ќе умре прв, за неколку недели, но откако почина мама сѐ се забрза и тој почина следниот ден, најверојатно од тага по неа. Тешко е да се поверува дека тоа е случајност, изјави нивниот син Брус Џонсон.

Здравствената состојба на Роберт била потешка од состојбата на неговата сопруга пред да биде примена во болница заради срцева слабост.

Кога мама почина, ја повлече завесата меѓу двата кревети и продолжи да гледа во тој параван“, рекол Брус.

Тие се бакнаале неколку дена пред нејзината смрт. Во тој момент, на сопругот му шепнала дека го сака. Тие биле погребани заедно во градот Св. Петар. Децата рекле дека нивните родители починале како што посакаат, да не страдаат сами без еден без други долго. Нивниот втор син, Брент, рекол дека неговиот татко е вистински господин на кого нивната мајка секогаш му доаѓала на прво место.

Корин и Роберт се венчале во 1951 година и добиле седум деца. До пред шест месеци самостојно живееле на нивната фарма, додека не им се влошило здравјето и на двајцата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.