Неколку Фејсбук и Инстаграм-профили ја споделија оваа фотографија. На прв поглед поради испишаниот транспарент на кирилица, помисливме дека локациски е во Скопје.

Па кога го видовме ова, дефинитивно се уверивме дека фотографијата е реализирана во Аеродром. Понуди за брак, ама чекај женет е… Не не, чекај, не е….

Сепак, твитерџиите повторно докажаа дека на лагата ѝ се „google search for this image“ нозете.

Скопјани се пофални зборови и за идејата и за момчето кое држи транспарент со сликовит опис дека до Центар со велосипед би стигнале за 10 минути, за со автомобил за дури 80.

Точно, идејата е одлична, но, реалната слика не е таква како што изгледа.

За жал, оваа фотографија не е од нашиот главен град Скопје, а уште помалку од пред Капитол, како што е претставено на социјалните мрежи.

Вистинската фотографија е од соседна Србија.

извор: Скопје24

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.