11-годишно дете е обвинето за обид за убиство на својот татко, откако родителите му ги одзеле видео игрите.

Момче од Индијана од службеното возило на својот татко, кој е полицаец, го зел пиштолот и со него пукал во родителот и го погодил во задникот.

Како што се наведува, детето било бесно зошто родителите му ги одзеле игрите и одлучило да се одмазди. Таткото на детето, кое во времето на ранувањето не бил на должност е опериран и во болница се опоравува од здобиените повреди.

Поради делото што го сторил, детето најверојатно ќе биде судено за обид за убиство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.