Некогашната надеж на македонското пливање Александар Маленко денеска стана дедо. Тој доби внук од првата ќерка од првиот брак со пејачката и ТВ-водителка Сузана Турунџиева, Лора.

Иако е активен на Твитер, особено кога треба да се расправа, новопечениот дедо се уште не коментира за раѓањето на наследникот.

Маленко не беше поканет на свадбата на Лора, иако тие двајцата се смирија пред три години.

Сепак, таткото беше пресреќен за тоа што Лора си нашла среќа во животот и му даде преодна оцена на зетот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.