Семејното насилство е карактеристика на најниските и највисоките општествени слоеви, а кај средните е со најмал интензитет,  покажале истражувањата на студентите при Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“, пренесува „Сител“:. Анкетата е спроведена на примерок од 500 испитаници од источниот и југо-источниот плански регион. На прашањето дали сте запознаени со случаи на семејно насилство во поширокото опкружување, речиси 2/3 одговориле потврдно.

Кога запрашавме дали во вашата потесна околина, значи соседство и фамилија имате случај на семејно насилство, една третина позитивно одговорија. Кога запрашавме дали во вашето семејство се има случено семејно насилство, 1 од 10 испитаници изјавија дека биле сведоци на семејно насилство во нивната фамилија, меѓутоа индикатор е дека оваа бројка е поголема, изјави професорот Страшко Стојановски од Правниот факултет.

Според перцепцијата на испитаниците, најчести жртви се жените и децата, а голем дел од семејното насилство не се пријавува од причина што ќе бидат стигматизирани.

Луѓето се исплашени, пред сè, од реакцијата на средината, што укажува на недоволно развиена општествена свест, додаде Стојановски

Над 80 % знаат точно во кои институции треба да пријават, но не се запознаени со законските решенија поврзани со семејното насилство, што укажува дека е потребна поголема едукација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.