На актерката Џесика Симпсон (38) не ѝ е лесно во третата бременост. Уште пред бременоста зборуваше дека паднала во блага депресија поради наталожените килограми, но овој вишок во бременоста ја дотолчил.

Ве молам, помагајте, напишала панично на социјалните мрежи покрај фотографијата од отеченото стапало. Објаснила дека нозете толку ѝ набабриле што едвај може да оди. Потоа го послушала советот на една следбеничка и се подложила на алтернативна медицина.

Ги обожавам овие чашки, напишала покрај фотографија на која отечените стапала ги третира со „капинг“ терапија.

Откако ѝ спласнало стапалото, се пошегувала со фотографија на која покажала како ѝ изгелдале стапалата пред и за време на бременоста.

Кутра жено, се надевам дека ќе успееш да ослабиш откако ќе се породиш, ѝ коментирале обожавателите.

Американските медиуми тврдат дека Џесика набила 40 кг за една година. Признала дека таа и сопругот Ерик Џонсон не ја планирале третата бременост, но обожавателите се одушевени, па дури и нагодуваат како ќе се вика детето.

Зарем навистина ќе ја крстат ќерката Брди (Птичка), прашуваат фановите кога објавила фотографија од дарувањето на која има колевка на која пишува „Глездото на Брди“.

Џесика е во брак со поранешниот безбол-играч од 2014 година и имаат две деца, ќерката Максвел Дру (6) и синот Ејс Кнут (5).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.